Жените (пак) се премислија...





Одамна постои теоријата дека жените се „палат“ на „лоши момци“, на дрско однесување и мачо став. Но, кога ќе „згусти“, кога се соочуваат со проблеми, жените преферираат „мекуш“ тип.

Особено во финансиски кризи, добро воспитаните, дури и малку феминизирани мажи се попосакувани од силните и јаки типови, покажува студијата која ја објави Daily Mail. Постои мислење дека понежните мажи се поуслужливи и погрижливи и затоа се подобар „залак“ за време на економско „невреме“. Изгледа нив кризите им доаѓаат како „happy hour“ за жени. :)

Истражувачите решиле да откријат како влијаат здравствените проблеми и тие за пари врз вкусот кај жените. Испитаниците се состоеле од 65 млади жени од кои било побарано да пополнат три прашалници. Едниот дизајниран да ги загрижи жените за нивните финансии, вториот за нивното здравје, додека третиот бил неутрален. После прашалниците, им бил презентиран лист од карактерни особини и било побрано од нив да ги одберат тие коишто би одговарале на нивниот идеален маж.

Испитаничките кои биле „задолжени“ да се грижат за финансиските проблеми воопшто не покажале интерес за мачо мажите, изјавува Biology Letter, делот на Royal Society journal, задолжен за објавување кратки иновативни истражувања. Мачо мажите биле посакувани кај жените кои биле загрижени за нивното здравје, најверојатно поради мажественоста како знак на добри гени, во превод - маж кој ќе и овозможи на жената здрави и силни деца.

Љубезноста, грижливоста и топлината, одлики на „помеките“ типови, биле одбрани бидејќи нив ги гледаат како знаци на татковски-настроена личност. Очигледно жените сакаат мажот да поседува „материјал“ за татко. А при недостиг на пари, овој тип на маж има „навала“, бидејќи постојат поголеми можности да се „задржат“ околу жената и во кризни времиња.

Но, и машкиот вкус не е имун на економијата. Playboy статистиките покажуваат дека во добри времиња, мажите „бркаат“ помлади, поженствени девојки со крупни очи и нежни црти. Кога економијата е во пад, се „префрлаат“ на позаоблени жени со мајчинска фигура.

Истражувачите потврдиле дека постојат еволутивни предности кај флексибилноста на женскиот вкус за мажи. Ние можеме само да потврдиме дека според ова за секого може да се најде по нешто. И ако „девојката на вашиот живот“ преферира мачомени, а вие не сте меѓу нив, треба само да се молите за полоша економија. :)

M.Ш.







Источник: http://kajgana.com


Posted on February 26, 2016


Презентация на тему: "Работа Волковой Маргариты Муниципальное общеобразовательное учреждение «Гимназия 3» г. Белгорода 2007 г. Руководитель: Николаева Алла Сергеевна, учитель."

Слайд 1 Работа Волковой Маргариты Муниципальное общеобразовательное учреждение «Гимназия 3» г. Белгорода 2007 г. Руководитель: Николаева Алла Сергеевна, учитель географии Слайд 2 Содержание работы 1.


Posted on September 7, 2012